Граѓаните од 9 декември имаат право да не ги плаќаат сметките за купената стока или услуга, доколку за нив побараат, а не добијат фискална сметка.

Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Законските измени предвидуваат казни од 4.000 до 5.000 евра за правното лице што нема фискален апарат и казна од 800 до 1.000 евра за раководното лице.

Предвидени се поголеми казни и за граѓаните што не поседуваат фискална сметка на растојание до 15 метри од продажниот објект, во износ од 100 евра.

Според последните податоци од Управата за јавни приходи, од 52.000 регистрирани даночни обврзници 78 проценти  имаат фискална каса.