Тестовите на сите вработени во Одделението за трансфузиологија во охридската Општа болница се негативни на коронавирус, дознава OhridNews. На вработена кај која по првото тестирање постоело сомневање  за можна изложеност на вирусот Ковид 19, направени и биле три дополнителни тестови за корона вирус, сите три негативни.

Од охридската болница за OhridNews потврдуваат дека корона тестовите на вработените во Одделението за трансфузиологија се негативни и најавуваат дека овој исклучително важен оддел ќе биде повторно отворен во вторник.

Одделението за трансфузилогија беше затворено пред речиси три недели затоа што вработени биле во контакт со лице заболено од коронавирус. Ова лице не почитувајќи ги укажувањата за претпазливост, како пациент дошло во одделението да подигне терапија, а после неколку дена кај него е утврдено дека е заболено со коронавирус. Согласно протоколите целиот персонал од одделението беше испратен во домашна изолација.

Г.М.