Условите за работа на припадниците на граничната полиција на заедничкиот граничен премин„Џепиште-Требиште“кој согласно договорот на владите на Македонија и Албанија започна пред точно четири години, се под секов стандард, обвини претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тонев на прес конференција што се одржа пред командата на граничната полиција – запад во Охрид.

-Полицајците кон и од работа патуваат по два часа и вршат само гранични проверки бидејќи на преминот нема царинска контрола. Самиот премин  е сместен во контејнер со две простории кој не е приклучен на електрична и водоводна мрежа.– вели претседатело на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тонев, кој за проблемот го известил министерот за внатрешни работи од кого бара итно да интервенира да се подобрат условите за работа на граничната полиција.

Тoј посочи дека поради тоа што нема вода на овој граничен премин полициските службеници немаат услови да ги задоволат своите хигиенски и физиолошки потреби.

-Исто така ја известуваме јавноста дека врз основа на претходно направена хемиска и бактериолошка анализа на водата за пиење во с.Џепиште каде е лоцирана и ПС за ГП и ГН Џепиште, анализа извршена од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Охрид, од добиените резултати и известувања од наведената институција дека водата не е хемиски и бактериолошки исправна  и не треба да се користи за пиење, а со тоа и полициските службеници кои работат во оваа станица немаат можност да користат хемиски и бактериолошки чиста вода за пиење. Да напоменам дека во рамки на селото во текот на изминатата 2016 година регистрирани се неколку случаи на појава на жолтица како и други болести што се поврзува со неисправноста на водата за пиење во селото. – рече претседателот на независниот полициски синдикат.

Тој истакна дека голем дел од полициските службеници кои работат во рамките на РЦ за ГР Запад  а се со место на живеење во Кичево и Македонски Брод и други градови до своето работно место а и од него патуваат по околу 150 километри во еден правец, а некои немаат организиран превоз.

-Кога временските услови се лоши се случува во пат да поминат и до 7 часа со што за нив се создава проблем бидејќи истите во најмала рака во месецот губат по најмалку 75 часа во изминат пат и иако патуваат со службен превоз и потпишан патен налог не им се евидентираат ниту како работни часови ниту како прекувремени часови. – додаде Гоце Делчев Тонев.

Г.М.