Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2017 година, во споредба со август 2017 година, е намален за 0.1%. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Храна за 0.2%.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.7%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.7%, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0.5%.

OhridNews