По барање на публиката, стендап-шоуто со најновиот материјал на Никола Тодороски и Никола Братучед Сиљаноски ќе има реприза во охридскиот „Џез Ин“. Настапот е закажан за недела, 8 ноември, со почеток во 20 часот.
Двајцата комичари повторно ќе излезат пред публиката со нови шеги, кои ги тестираат на сцената.
Ако ја пропуштивте премиерата, ова ви е шанса да ја поправите грешката. Ако бевте на премиерата, дојдете да проверите дали шегите преживеале!, порачуваат Тодороски и Сиљаноски во најавата.
Цената на билетот е 500 денари, а билетите може да се купат онлајн преку shop.hahaha.mk.
Шоуто не се препорачува за лица помлади од 16 години.
OhridNews












