Николоски на состанок со раководството на УНЕСКО во Париз, заштитата на Охридскиот регион приоритет
25.06.25 15:41
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во работна посета на Франција, денеска одржал состанок со раководството на УНЕСКО.
Николоски истакна дека заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро е приоритет и тие мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга.
Мора да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета пред се на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени. Свесни сме дека одредени извештаи се во напредна фаза на подготовка, но исто така со голема проактивност работите ќе се менуваат во годините што се пред нас, вели Николоски.
Вицепремиерот во рамки на работната посета утрово оствари средба и со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговарало за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата.
Има места на кои летото едноставно завршува А има и места каде што мора да биде испратено како што доликува Во Кампинг Љубаништа тоа одамна е традиција Музика, дружење, оган, факели и неизбежното н...
Една од најголемите фудбалски легенди на овие простори, Милко Ѓуровски, деновиве уживаше во убавините на Охрид Во ексклузивно интервју за Охридњуз, поранешниот ас на „Црвена Звезда“ и „Партизан“ се...
Случајот бил откриен вчера (19092026), при контрола мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, во рамки на активности за сузбивање на недозволената трговија со д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.