Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски попладнево на својот Фејсбук профил објави фотографија за која тврди дека е направена денеска во Охрид, на која, според него, се гледа како активисти на СДСМ делат огревно дрво на граѓани, со што според него грубо се крши изборниот законик.

-Дрва може да купите, но луѓе не, напиша меѓу другото на Фејсбук Николоски, истакнувајќи дека во недела граѓаните на Охрид и Македонија ќе го возвратат ударот и ќе ја казнат власта на изборите за претседател на државата и за градоначалник на Охрид.