Се работи со силна динамика на автопатот Охрид-Кичево и се решаваат сложени инженерски проблеми, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по одржаниот работен состанок на терен во кампот во Извор заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу министерството за транспорт, јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите, посочи Николоски.

OhridNews











