Екологијата е огромен непријател, а треба да биде  пријател број еден на туризмот. Отпадот буквално го има насекаде, како во централните градски подрачја, така и во приградски средини, рурални и планински места Кога се работи за туризмот, тоа не е дозволиво, беше истакнато на денешната прес конференција одржана од претставници на Туристичко–угостителската комора (ТУК) и Националната Асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ, со фокус на екологија и туризам, нелојалната конкуренција во секторот како и за претстојната македонска туристичка берза.

Владимир Граматиков, претседател на ТУК зборувајќи за екологијата и туризмот, истакна дека  потребна е стратешка акција на сите чинители во општеството за да се подобри сликата за екологијата во земјава.

  • Нашето барање е сите ресорни институции, да преземат сериозни чекори кон подобрување на оваа ситуација. Бараме иницирање на кампања за подигнување на еколошката свест кај граѓаните и тоа: за фрлање на отпадоци онаму каде што им  е местото, собирање на изметот од милениците, чување на урбаната опрема и санкционирање на вандализмот“, изјави Граматиков, кој додаде дека Министерстовото за животна средина, комуналните претпријатија, локалните власти, треба да организираат долгорочни кампањи кои ке имаат реален ефект, понатаму да се воведат и инспекции, за да се казни несоодветно постапување.

На пре сконференцијата беше истакнато дека со развојот на секторот туризам неопходно е сузбивање на нелојалната конкуренција, обединување на сите чинители и имплементирање на барањата кои произлегуваат од секторот.

OhridNews