Нивото на најголемото природно езеро во Македонија, Охридското, е под просекот за месец мај. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во моментов тоа е 26 сантиметри над нултата кота која изнесува 693,17 метри надморска височина. Просекот за мај е 49 сантиметри над оваа кота.

Инаку, моменталната температура на водата на Охридското Езеро, според мерењата на УХМР, изнесува 14,5 степени Целзиусови.

OhridNews