Со полагање свежо цвеќе на бистата на Христо Узунов во дворот на училиштето кое го носи неговото име, во петок, 21-ви април, ќе започне одбележувањето на Патрониот празник на охридското основно училиште. Во салата за приредби на училиштето „Христо Узунов“ ќе се одржи и историски час и ќе бидат доделени награди за најдобрите ученици.

Во 18.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на детски ликовни творби, а во 19 часот ќе започне свечената приредба на која ќе биде прогласен првенец на генерацијата, по што ќе следи настап на учениците од драмско- рецитаторската секција, хорот и оркестарот на училиштето под раководство на наставниците Наде Групче, Вера Булоска, Илија Булоски и Стефанка Анѓелоска.

Во недела 23-ти април, во 18 часот ќе започне Меѓународен фолклорен фестивал, а во понеделник чествувањето продолжува со полагање свежо цвеќе на бистата и гробот на Христо Узунов.

OhridNews