Во Ново Село и Оровник, во тек се инфраструктурни зафати, при што се асфалтираат неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура.
Во Ново Село се асфалтира главната улица која води кон селото и е со ширина од 3,5 метри и должина од 280 метри, каде што се врадени 980 метри квадратни асфалт. Во село Оровник се врши асфалтирање на три локални улички со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 340 метри, каде што ќе се вгради 850 метри квадратни асфалт.
– Со завршување на асфалтирањето во Оровник, градежните активности ќе продолжат во селото Требеништа каде што ќе биде асфалтирана една локална уличка во селото со ширина од 2,5 метри, со должина од 150 метри, каде што ќе се вгради 375 метри квадратни асфалт. Вкупната вредност на реализираните градежни активности изнесуваат околу 1,8 милиони денари, изјави градоначалникот Игор Трајкоски кој изврши увид врз градежните активности.
Трајкоски истакна дека инфраструктурните зафати во делот на подобрување на патната инфраструктура во општината продолжуваат.
OhridNews













