Изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите Сектори за внатрешни работи и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи, спроведоа републичка акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол.

Притоа, санкционирани се 203 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 213останати прекршоци за кои се издадени соодветни санкции, информира МВР.

OhridNews