Нов асфалт во должина од 1.400 метри е поставен на улицата „Радојца Новичиќ“, која води до селото Долно Лакочереј.

Проектот  е на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид, а се изведува во соработка со Агенцијата за државни патишта. На асфалтирањето му претходелa подготовка на теренот и  поставување на нова канализациона мрежа во должина од 1.200 метри.

Во наредниов период ќе се подготвува за асфалтирање и вториот дел од патот што ги поврзува селата Долно и Горно Лакочереј.

OhridNews