Едногласно, членовите на Советот на јавните обвинители за нов претседател го избраа Ацо Колевски, кој е член на Советот на јавни обвинители од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески, кој стана државен јавен обвинител.

Колевски е потписник на Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) кое Јавното обвинителство на чело со Марко Зврлевски во мај 2017 го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот за бизнисменот Сеад Кочан кој беше во бегство.

Колевски доаѓа на местото на Коле Штерјев кој беше избран од 31 август 2017 година. Мандатот на претседателот на Советот на јавни обвинители трае две години, без право на реизбор.