Во Македонија повторно се очекува нов топлотен бран и температури од 40 степени.

Здравјето на луѓето може да биде загрозено (дехидрација, сончаница, топлотен удар) поради високите температури и затоа  од Републичкиот завод за здравствена заштита препорачуваат да се конзумираат многу течности, да се јаде лесна храна, да се избегнуваат алкохолни пијалоци и кофеин, и да се престојува во климатизирани простории.