Охридскиот мајстор на уметничка фотографија Атанас Талевски (www.atanas.freeservers.com) престојува во САД, каде ќе ја претстави својата збирка фотографии со мотиви од културното и природното наследство на Македонија. Во текот на целиот месец декември, Талевски ќе изложува во градот Санта Фе, во државата Ново Мексико, кој официјално е признат за трет културен центар на САД, со повеќе од 250 уметнички галерии. Оваа е негова втора посета на истиот град, а друг пат на американско тло Талевски изложувал и во државата Калифорнија.

Атанас Талевски е најреномираниот македонски фотограф. Има настапувано на педестина самостојни изложби во Македонија, Албанија, Србија, Словенија, Чешка, Германија, Франција, Швајцарија, Русија, Финска и САД. Има учествувано и на групни изложби и конкурси. Неговите фотографии се објавувани во разни публикации.

Основна преокупација и најчест мотив во творештвото на Талевски е светот на исчезнување. Освен Македонија, цел на неговиот објектив биле и земјите во кои има престојувано. Има фотографирано во Виетнам, Индија, Тунис, Мали, Кампучија, Романија, Албанија, Србија, Словенија, Чешка, Германија, Франција, Швајцарија, Русија, Финска и САД.

ohridnews