Деновиве на „youtube“ се појави новиот видео-запис на 21-годишната флејтистка, охриѓанката Даниела Петкоска.

Таа е студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а за нејзините музички квалитети сведочат бројните први специјални награди во земјава и странство, настап со Македонската филхармонија, учество на семинарите на Клаудио Ферарини и Рафаеле Тревисани во Италија, соло рецитали, концерти и културни настани, како и премиерната изведба во Македонија на „Хју фантазијата“ за флејта со Симфонискиот оркестар на ФМУ под диригентската палка на Маестро Саша Николовски-Ѓумар.

OhridNews