Неуспехот и дисквалификацијата од УС Опен не оставија траги кај Новак Ѓоковиќ кој без посериозни проблеми ја освои титулата на Мастерс турнирот во Рим. Ѓоковиќ во финалниот натпревар од јубилејното 90-то издание на турнирот во Рим го совлада Аргентинецот Диего Себастија Шварцман во два сетови (7-5, 6-3).

Титулата од Рим е 36-та за Ѓоковиќ од Мастерс турнирите со која изби на чело на вечната листа. Србинот после мечот изјави дека во финалето не бил на ниво, но знаел како да се справи со ситуацијата и да уфрли брзина погоре. Ѓоковиќ петти пат триумфираше во Рим. Тој на пиедесталот се качуваше во 2008, 2011, 2014 и 2015 година.

Кај дамите најдобра е Романката Симона Халеп. Халеп до титулата стигна после откажување на Плишкова во финалето. Плишкова се повлече во вториот сет, откако го изгуби првиот со 6-0.

OhridNews