Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на коронавирусот. Пријавени се вкупно 33 починати лица, меѓу кои најмладиот 34 -годишен. Регистрирани се 868 оздравени пациенти.

Од новозаразените 1.272 случаи, во Скопје се 619, Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес – 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево – 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.

Во моментов во Охрид има 709 активни случаи.

OhridNews