Овој септември во специјализираниот бутик Румор, продолжува големиот попуст до 70% на летните колекции на Ристо, Росица Мршиќ, Монографи, Елла и Румор, а на попуст до 50 % се и костимите за капење „Калцедониа“.

Новина во во „Румор“ е и ексклузивната колекција на чевли “#RUMORSHOECOLLECTION”, кои се вистински хит ова лето.

„Румор“ од неодамна почна соработка и со познатата дизајнерка Росица Мршиќ. Веќе се изложени модни парчиња од неколку сезонски колекции, кои најдобро го отсликуваат препознатливиот стил на Мршиќ, чиј бренд постои од 2009 година и активно работи како на домашниот така и на интернационалниот пазар. Парчињата имаат безвременска естетика и се наменети да се носат од утро до вечер, велат модните критичари.

 

За сите кои до сега пропуштиле, концептуалниот бутик „Румор“ од ова лето е на нова локација во нов продажен простор на кат, наспроти стариот Чинар, веднаш до „Топ Маркет“.

За модните трендови и брендови, актуелните модели и попусти во „Румор“, редовно информирајте се на фан страните на најпрепознатливиот концептуален бутик кај нас на Фејсбук и Инстаграм.

 

OhridNews