Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина.

Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини за 51,5 денари за литар, додека новата цена на  Еуродизелот (Д-Е V) изнесува 62,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 0,81 денари за килограм и новата цена на овој енергенс ќе изнесува 33,897 денари.

OhridNews