Од Фондот за здравствено осигурување информираат за низата мерки кои се преземаат во насока на целосно обезбедување лекови на рецепт кои паѓаат на товар на Фондот. Лековите на рецепт на товар на Фондот во ординациите, како и за нивното подигнување во аптеките ќе се врши со увид во личниот документ за идентификација (лична карта или пасош) на лицето кое го подигнува лекот. Лекот на рецепт во аптеката осигурено лице може да го подигне само доколку се идентификува со лична карта односно пасош. Во случај кога осигуреното лице од здравствени или други причини не е во можност лично да го подигне лекот во аптеката, лекот на рецепт во негово име може да го подигне друго лице кое треба да се идентификува со своја лична карта, односно пасош.

Од фондот информираат дека се работи на намалување на ризикот од можни злоупотреби и од нерационално пропишување и користење на лековите со воведување на дополнителни процеси, апликации и контролни механизми.

Додаваат дека заложбите треба да овозможат достапност на лекови на рецепт во текот на целиот месец, а не како досега, кога заради исполнетите квоти по одреден ден во месецот, аптеките остануваа без лекови за осигурениците.

Моделот на аптеки без квоти започна со примена како пилот проект во месец август 2019 година во  43 аптеки кои се лоцирани во туристичките центри на територијата на подрачните служби на Фондот во Гевгелија, Охрид, Ресен и Струга.

OhridNews