Сончевата светлина го уништуваат брзо коронавирусот Ковид 19, покажале новите научни истражувања, но експертите предупредуваат дека пандемијата може да го преживее летото, пренесуваат медиумите во САД.

Прелиминарните резултати од лабораториските експерименти спроведени од државата, покажале дека коронавирусот не може да опстои долго на висока температура и голема влажност, и брзо се уништува на сончева светлина. Резултатите од контролираните тестови влеваат оптимизам кај научниците, но тие треба да се потврдат за да бидат релевантни, пренесува Yahoo News.

Но, она што сигурност може да се каже е дека летото нуди послаби можности за ширење на пандемијата, иако експертите предупредуваат дека во никој случај нема да ги елиминира, или дури и да ги намали, новите случаи на Ковид -19. Но новите научни резултати во многу ќе помогнат во борбата со коронавирусот.

На брифингот во Белата куќа, било соопштено дека студијата открива дека ризикот од „пренесување од површини на отворено е помал за време на дневната светлина“ и на повисоки температури и влажни услови. „Сончевата светлина го уништува вирусот брзо“, било истакнато на брифингот.

OhridNews