Еден од приоритетите за 2018 година, на министерството за труд и социјална политика е подобрувањето на опфатот на деца во детските градинки и подобрување на просторните и кадровски капацитети.  

„Најголемо зголемување има кај трансферите до единиците на локална самоуправа за блок дотации за детски градинки, кои изнесуваат 1 милијарда 578 милиони и 290 илјади денари. Предвидени се средства за 200 нови вработувања, за зголемувањето на платите за вработените во градинките за 5%, како и дополнителни средства за материјални трошоци за функционирање на градинките. Крајни корисници се околу 30 илјади деца во Република Македонија. Во буџетот се предвидени и 58 милиони денари за нови капацитети за изградба и опремување на детски градинки и објекти за социјална заштита”, потенцираше министерката Мила Царовска.

Министерката Царовска ваквата информација ја пласира до јавноста на прес-конференција на која го презентираше предлог буџетот на Министерството за 2018 година.

OhridNews