Опозицијата и синоќа одржа протест пред кривичниот суд во Скопје на кој беше изразено незадоволство од приведувањето 30-ина лица, меѓу кои пратеници и поранешни функционери од партијата, по повод настаните во Собранието од 27 април.

Како што пренесува „Макфакс“, пред насобраните се обрати Оливер Андонов, кој оцени дека апсењата се политички и рече дека силата е во народот, a доколу Чавков сакал да направи државен удар, тоа ќе го сторел додека протестирале шарените.

Свое обраќање имаше и Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека со апсењата се обидуваат да го срушат духот на Македонецот.

Меѓу присутните на протестот беа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Коце Трајановски и Влатко Ѓорчев.

Опозицијата веќе два дена протестира и со блокирање повеќе клучни крстосници во главниот град во периодот од 15 до 17 часот. Нов протест најавен е за денеска.

OhridNews