Екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, деновиве се ангажирани на хортикултурно уредување на парковите покрај кејот и кружните текови на булевар „Туристичка“.

Се заменуваат старите садници од сортата „Виола” и се заменуваат со нови садници од сортата „Лепи Јово” и „Џунџуле”. Друг дел од екипите се ангажирани на косење на тревата во парковите.