Во македонското осигурување од неодамна значајно место зазема новиот бренд Халк Осигурување АД Скопје, од каде најавуваат многу нови производи кои наскоро ќе им бидат понудени на своите клиенти.

Охридското претставништво на овој познат осигурителен бренд, кој официјално започна со работа на 15 март, се наоѓа на улицата Димитар Влахов број 9, до охридскиот Основен суд. Работи од понеделник до петок од 8 до 16 часот. Тука може да ги обезбедите сите видови полиси за неживотно осигурување, по исклучително поволни услови.

Инаку, Халк Осигурување е во сопственост на познатата Халкбанк АД Скопје чиј доминантен акционер е Халкбанк Турција- една од најголемите банки на турскиот пазар, во чија сопственост се и друштвата Халк Лизинг, Халк Факторинг, Халк Инвестиции и Халк Пензиски фонд.

OhridNews