Претставата “ГРАНИЦА“ од Венко Андоновски во режија на Софија Ристеска во која играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски од Новиот театар од Охрид и Јоана Попоска и Борис Чорески, од Малиот битолски театар,  беше изведена на интернационалниот дел од Националниот фестивал на мали театри во Врача Р. Бугарија кој се одржува од 16-22 Мај.


На репертоарот на овој реномиран фестивал покрај домашната продукција од високо реномирани театри како театарот „Сфумато“, се најдоа и познати театри од Русија и Србија.


 „Граница“ ќе се појави на фестивалот „Скопско лето“ во јуни и на љубљанскиот „Ехспонто“ во септември, како и на угледниот домашен фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица исто така во септември.


Учеството на претставата „Граница“ во ваква високо квалитетна театарска конкуренција зборува дека Охрид заслужува да има театар на државно ниво. Во градот има десетина професионални актери, со мала адаптација и услови за  работа, потребна е само поконкретна заложба од надлежните државни и локални институции Охрид конечно да добие свој театар.

Ohridnews