Во петок, 24-ти ноември, или денот преку “барата” познат како “Црн Петко”, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведено четвртото шоу од третата сезона на популарната театарска импровизација „Импровокација“, најави националната установа.

Картите за шоуто во продажба ќе бидат пуштени денеска, 20-ти ноември,  точно на пладне, во музичката Продавница Зизи Топ.

Цена на картите 150 денари и 200 денари на денот на шоуто.

Исто така, карти може да се резервираат и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.

Шоуто почнува во 20:00 часот.

OhridNews