Осум модерни ленти за куглање, билијард, пикадо, богата угостителска понуда и простор за дружење и прослави. Охрид доби нов забавно-рекреативен комплекс „Tino’s Bowling“, кој од денеска официјално ги отвора вратите за посетителите на булевар „15 Корпус“.
Во свечена атмосфера, со голем број гости, деловни партнери и пријатели, синоќа беше означен почетокот на една нова приказна во охридското угостителство. За музичкиот дел од вечерта се погрижија DJ Jaybeats и Дани Димитровска, кои придонесоа за убавата атмосфера на отворањето.
Зад новиот комплекс стои и една подолга приказна, за семејна традиција, претприемачки дух и желба во Охрид да се создаде нешто ново.
„Зад ова место стоеја многу идеи, планови, работа и верба дека во нашиот град можеме да создадеме нешто што нема, истакна сопственикот Валентин Маркулески, кој на свеченоста официјално го означи отворањето на Tino’s Bowling.

Тој нагласи дека комплексот е замислен како место кое ќе ги поврзува луѓето и ќе ја збогати понудата на градот.
Отворањето на овој нов бизнис е посебен момент за мене и мојата фамилија, уникатно место во Охрид кое го замисливме како простор за дружење, забава и смеа. Нашата желба е боулинг центарот да ја збогати целокупната понуда на Охрид, да биде место каде луѓето ќе доаѓаат, не само за да играат, туку и да се опуштат и дружат, рече Маркулески.
Посебно емотивен дел од неговото обраќање беше посветен на семејството и традицијата што ја продолжува.
Љубовта кон угостителството во нашата фамилија има огромна традиција. Големо благодарам до моите татко, дедо и баба од кои учам секој ден и без кои овој момент не ќе беше возможен. Горд сум и чест ми е што ќе ја продолжам фамилијарната традиција и се надевам дека ова ќе биде место каде ќе се враќате сите повторно, порача Маркулески.
Повеќе од куглана – ново место за дружење и забава
Tino’s Bowling располага со осум модерни ленти за куглање, изведени според светски стандарди, а забавната понуда ја дополнуваат билијард и пикадо.
Ентериерот е внимателно осмислен и уреден до најмал детал, со современ амбиент, богата угостителска понуда и пристапни цени. Концептот е насочен кон создавање простор во кој забавата и рекреацијата ќе бидат надополнети со пријатно дружење.
Комплексот е наменет за посетители од различни генерации, но и за организирање родендени, приватни прослави, корпоративни настани и тим-билдинг активности.
Дополнителна атракција е Photo Lab, посебен простор во кој посетителите ќе можат да ги овековечат моментите од своите дружби и забави.
Дигитално искуство, од резервација до забавна програма
Покрај современиот простор, Tino’s Bowling вложува и во дигиталните услуги.
Преку веб-страницата tinosbowling.com и наменската апликација, посетителите ќе можат да ја разгледаат целокупната понуда, дигиталното мени и забавната програма, како и да резервираат термини и настани.
Информации за претстојните активности, специјалните настани и новитетите ќе бидат достапни и преку официјалните профили на Tino’s Bowling на Facebook и Instagram.
Продолжување на традицијата, со нови инвестиции
Со отворањето на Tino’s Bowling се проширува понудата на познатиот охридски угостителски бренд, во чии рамки се и хотелот „Тино“ во Свети Стефан и вилата „Марко“ во Трпејца. Семејниот бизнис на Маркулески ги опфаќа и хотелот „Тино“ и пабот во центарот на Охрид.
Новата инвестиција претставува продолжување на повеќегенерациската семејна традиција, но и чекор кон развој на нови содржини во угостителството и забавно-рекреативната понуда на градот.
Развојот на комплексот нема да запре со отворањето. Во план е понудата да се проширува со дополнителни услуги, а интензивно се работи и на реализација на сместувачки капацитет.
Денеска започнува забавата!
Tino’s Bowling официјално започнува со работа денеска, сабота, 7 ноември, во 15:00 часот. За вечерта е предвидена музичка забава со DJ Regie Rules, со почеток во 21:00 часот.
Комплексот, лоциран на булевар „15 Корпус“ во Охрид, ќе работи седум дена во неделата, според следниот распоред:
- Понеделник – четврток: 15:00 – 00:00 часот
- Петок – сабота: 15:00 – 01:00 часот
- Недела: 15:00 – 00:00 часот
Фото галерија од свеченото отворање на „Tino’s Bowling“
Ново поглавје на семејната традиција: Tino’s Bowling му донесе на Охрид забава по светски стандарди
Г.М.
Фото: А. Момироска




























































































































































