Од 19 до 21 мај девет нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид се приклучија на меѓународната акција за чистење на морското дно кај Дубровник, Република Хрватска.

Еко акцијата под мотото “За чиста природа секогаш заедно“, традиционално ја организираат нуркачкиот центар „ABYSS“, туристичката заедница на Хрватска, средното угостителско училиште во Дубровник и градот Дубровник.

– Покрај активната улога во акцијата, на овој начин сакаме да придонесеме кон подигање на еколошката свест кај граѓаните во регионот и кај нас за заштита на животната средина и паметно искористувањее на природните богатства во туристички цели. – велат охридските нуркачи кои беа дел од меѓународната акција за чистење на морското дно од отпад кај Дубровник.

Во еко акцијата учество зедоа 105 нуркачи од Хрватска и земјите во регионот.

За учесниците во акцијата беше организиран свечен ручек на плажата Бање која пред три години беше прогласена за трета најдобра во светот согласно меѓународните критериуми за квалитет на храна, организација, професионализам и услуга.

Учесниците во големата меѓународна еко акција направија нуркања на потпнатиот брод „Таранто“ и познатиот Голем гребен.

OhridNews