Во насока на континуирано подобрување и усовршување на затворскиот систем во Република Северна Македонија, како и од нужноста за подобрување на циркуларниот тек на информации помеѓу Управата за извршување на санкциите и казнено и воспитно поправните установи и пробациската служба во тек е реализација на проект насловен како “Supply of ICT for the Justice Sector Institutions LOT 2: Integrated Penitentiary Management System for DES” Проект за набавка на ИКТ за институциите од правниот сектор, ЛОТ 2 –Набавка на интегриран систем за управување со казнено поправните институции за Управата за извршување на санкциите.

Corridor prison. Picture was taken in a dark key, to emphasize the bleakness of the environment

Имено, станува збор за проект чија реализација е започната во почетокот на 2019 година, а се однесува на изготвување на софтверско решение кое ќе овозможи поврзување на сите институции во пенитенцијарниот систем, т.е. Управата за извршување на санкциите и казнено и воспитно поправните установи и пробациската служба.

Со реализација на еден ваков проект се овозможува поедноставна, а поефикасна евиденција и ажурирање на податоците за осудените лица, брза и непречена размена на информации помеѓу институциите како и поефикасно вршење надзор над работењето во затворскиот систем.

Првичната програма за софтверско поврзување ќе биде изработена до ноември 2019 година, а проектот ќе биде целосно комплетиран и имплементиран до крајот на февруари 2020 година.

OhridNews