Филип Aнгеличин-Жура е историчар на уметност и археолог, инспициент во театар, организатор на музички концерти, културни настани од претежно алтернативен карактер. Има работено и на многу разновидни концерти и настани организирано од нашиот град и други продукции.Почетоците му биле со концертот на „Леб и сол“ во 2006та година на Антички театар во организација на Авалон продукција.

Додека живеел во Скопје до 2005-та година, Жура работел во Live Radio кое тогаш било единствено rock&roll радио, па покрај тоа што бил уредник за културни настани, организирал и музички концерти, бидејќи концептот на радиото покрај водењето емисија бил и да настапуваат бендови поради големото студио. Тие биле почетоците со организирање на настани па по враќањето во Охрид сакал да направи нешто тука, бидејќи сцената и тогаш и сега е доста замрена.

Жура вели дека во летниот период има понуда, но преку целата година тоа не е случајот и тоа е неговата цел да го заживее градот преку целата година со вакви настани коишто пред сѐ ќе бидат многу значајни за луѓето кои живеат во градот.

Од 2014-та година Жура е официјално и вработен во Охридскиот Народен Театар како инспициент односно организатор на сцената.

Во последната 20-та епизода од првата сезона на „Обични Херои“ ни гостува Филип Ангеличин-Жура, погледнете ја целата епизода:

Обични херои Е20 – Филип Ангеличин – Жура

OhridNews