По повод Денот на екологијата 5- ти јуни, женски центар „Бисера“ објавува награден конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

– Целта е да се поттикнат граѓаните на Охрид да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град, во пресрет на туристичката сезона, потенцираат од „Бисера“.

Конкурсот е отворен од 24 мај до 2- ри јуни. Заинтересираните граѓани своето учество да го пријават на телефонскиот број 046/264-469 од 10 до 13 часот од понеделник до петок или во канцеларијата на ЖЦ „Бисера“ на ул. Димитар Влахов 8.  

 

OhridNews