Продолжува реализацијата на мерките- субвенционирано вработување на корисници на социјална парична помош и мерката обука кај познат работодавач.

Министерот за труд и социјална политика  Диме Спасов, информира дека е објавен повик до невработените лица кои се корисници на социјална помош и до работодавачите за субвенционирано вработување.

– Износот на субвенцијата ќе изнесува 17.000 денари месечно за 6 месеци, од кои 14.000 денари бруто месечна плата по вработено лице и 3.000 денари месечно за работодавачите за секој вработен во период од првите 6 месеци кои се наменети за покривање на трошоците за обука и материјали. Работодавачот не смее на вработените да им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во период од 6 месеци субвенционирано вработување и има обврска да ги задржи сите учесници во програмата дополнителни 6 месеци по истекот на шесте месеци од периодот на субвенционираното вработување. Буџетот за оваа мерка изнесува 12.750.000 денари, потенцираше Спасов.

Заинтересираните невработени лица за овој јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 27 јули, во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Македонија.

Континуирано е активен и огласот за мерката- обука кај познат работодавач, со цел да им се овозможи на приватните компании ибука за работни места закои имаат потреба, како и на невработените да учествуваат во програмите за обуки.

– Оваа обука предвидува подготовката да трае до три месеци, согласно доставениот план за обука, со обврска работодвачот да вработи најмалку 50 отсто од вклучените лица во обуката. Висината на паричните средства за невработеното лице вклучено во подготовката изнесува 5.700 денари месечно, со вклучено осигурување, како и 4.080 денари парична помош за компанијата за поддршка на обука и метеријали. Во 2014 година планирано е да се опфатат 1.000 невработени лица, додека пак буџетот кој е планиран за реализација на оваа мерка изнесува 22.580.000 денари, рече Спасов.