Охрид како културно средиште на Македонија (посебно во летниот период) ќе добива значаен дел од средствата предвидени со новата Национална програма за култура, што ја донесе Министерството за култура на Македонија со цел да се одржи и подигне квалитетот на културата како темелна вредност во животот на граѓаните на Република Македонија.
Меѓу институциите од нашиот град кои се опфатени со оваа програма е НУ Библиотека „Григор Прличев“ на која се доделени средства за комплетирање книжни фондови, заштита на стари книги, за истражување и евидентирање старо охридско книжно богатство.

Центарот за култура „Г. Прличев“ ќе добие средства за реализација на програмата на  Ансамблот „Бисери“ како и за организирање изложби.

Средства ќе добијат и КУД „Ѓердан“- Охрид,манифестацијата „Поетска ноќ“ – Велестово и реализација на програмата на фестивалот „Охридско Лето“.

Завод и Музеј – превентивна заштита и изработка на проект за конзервација и презентација на куќата на Боро Момир, изготвување на проект за конзервација на живописот на црквата Сисвети во с.Лешани. Заводот ќе добие средства и за конзерваторско рестарваторски работи на архитектурата, на бедемскиот ѕид и кулите на потегот  Горна порта- Цитадела на Самоиловата тврдина, санација на северната фасада и помали зафати на ентериерот на музејската зграда – куќа на Христо Узунов.

Со програмата предвидена е и санација на ентериерот на управната зграда, санација на кровот на црквата „Св. 40 маченици“ во Охрид, конзервација на кровот на црквата Св. Архангел Михаил, во Св. Наум, промена на столаријата во куќата на Робевци.

Заводот и музеј ќе добие средства и за организирање и превземање на ликовни изложби.

Предвидена е конзервација на мозаиците од петтобродната ранохристијанска базилика на Плаошник, како и конзервација  на живописот во олтарниот простор во црквата Успение на пресвета Богородица Каменско – втора фаза.

Со програмата предвидени се и средства за превентивна заштита на заштитниот кров на мозаиците на локалитетот Плаошник, превентивна заштита на кровот и тремот на црквата Св. Богородица Перивлепта-Охрид, но и заштитни истражувања на Охридското Езеро кај локалитетот Сараиште, подводно депо на оружје.

Заштитни археолошки ископувања ќе се вршат на Самоиловата тврдина, а средства се предвидени и за одржување на музејските згради.