22.09 Македонија во драматичен финиш ја совлада Украина 26:25 (13:10) во вториот меч во групата Б од Европското првенство во ракомет што се игра во Виена, Австрија.

Иако имаше водство во текот на целиот натпревар, Македонија играше со големи осцилации. Последната криза во играта на нашиот тим дојде во најнезгоден момент, на крајот од мечот, и само благодарение на извонредниот Никола Митрески на голот останавме во игра за победа. При резултат 25:25, капитенот Лазаров речиси со звукот на сирената донесе минимална победа 26:25.

На премиерниот меч на шампионатот што за прв пат се игра во три држави: Австрија, Шведска и Норвешка, Македонија имаше поддршка од околу 2000 навивачи.

Во првиот натпревар од Б групата., претходно, домаќинот Австрија ја совлада Чешка со 32:29.

 Г.М.