Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна незгода што се случи нешто по полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на селото Требеништа.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот возач на патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ со швајцарски регистарски таблички, кое се движело во правец од Кичево кон Охрид, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото кое удрило во еластичен браник од десната страна и во металната заштитна ограда од надвозникот.

Возилото, потоа излетало од коловозот и се срушило под надвозникот на локалниот пат што води кон селото Требеништа.“ – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

На местото на сообраќајната незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид, како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Дополнително, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција, односно ќе има и вештачење и технички преглед на патничкото моторно возило.

СВР Охрид презема понатамошни неопходни мерки за утврдување на идентитетот на двете починати лица. Неофицијално станува збор за две лица на возраст од околу 30 и 50 години од Кичево.

OhridNews