Денеска во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ се одигра хуманитарен натпревар помеѓу поранешните и актуелните ракометари на РК „Охрид“. Настанот заеднички го организираа Црвениот крст и локалната медиумска заедница.

Настанот е дел од хуманитарната акција „Заедно за подобар детски живот“, а средствата собрани од влезниците кои чинea симболични 30 денари, ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид.

На полувремето, „силите“ ги одмерија најмладите од РК „Моби Дик“ и РК „Седмерец“, а потоа следеше музичка точка на децата од Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид.

Инаку, покрај охридските новинари, во хуманитарниот настан активно се вклучија волонтерите на Црвениот крст Охрид.

OhridNews