Под мотото „ Заедно за еден детски живот ”, охридските новинари и општинскиот Црвен крст, заедно со општина Охрид,  организираат хуманитарен настан што ќе се одржи во недела, 1- ви јуни, точно на пладне на градскиот плоштад.

– Сите заедно да ја покажеме нашата хуманост со тоа што ќе бидеме дел од настанот во чии рамки ќе се одржат перформанси, музички точки, балет,  театарска изведба, потенцираат организаторите.

Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  11 годишно момче од Охрид кое боледува од многу тешка  болест . Потребна е итна операција на клиника во Пекинг, која чини 35 000  евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците  за оперирање и лекување, поради што е неопходна помош од хуманите граѓани.

Хуманите граѓани може да донираат и парични средства преку уплата на жиро сметка на 530500017615254 Охридска Банка.

Исто така, отворени се и телефонски линии за донации 075  143 113, 077 143 155 и 070 143 105 на мобилните оператори Т- Home, One и Vip.

Бидете и Вие дел од настанот на градскиот плоштад во недела од 12 до 17 часот.

OhridNews