Во кривичниот суд денеска требаше да почне судењето за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата за лични цели. Процесот не започнал затоа што одбраната барала видео снимање на процесот. 

Како што пренесува „Макфакс“ Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во 2012 и во 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да стекне имотна корист.

Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје го одобрил обвинението и за случајот „Трезор“, во кои се обвинети екс министерот на УБК, Сашо Милајков, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски, кој е во екстрадициски притвор во Солун, екс шефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник министер во МВР, Небојша Сајковиќ дека проневериле државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.

OhridNews
извор: „Макфакс“