Последните информации се дека бројот на загинати полицајци во акцијата за неутрализација на терористи е осум.  Утрово во престрелките загинале двајца од кои еден бил застрелан со снајпер-јавуваат за Телма болнички извори. Во текот на ноќта како последица на повредите починал уште еден полицаец . Вчера во борбите во населбата Диво Насеље загинаа петмина.

Специјалците  кои го чистат теренот пронашле мртов колега  кој според првичните информации загинал од експлозија на бомба. Во болница и утринава се однесени  неколкумина полицајци. Бројот на оние со тешки повреди не се знае , од клиничкиот центар не соопштуваат за нивните повреди и дали се животно загрозувачки.

 

 

OhridNews
извор Телма