Во кафе и бар „Шила“, вечерва во 19часот, ќе се одржи охридска промоција на втората книга на Отец Пимен со наслов „Патувајќи“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

Отец Пимен е митрополит Европски на Македонската православна црква, но и колумнист и раскажувач. Книгата „Патувајќи“ е збир на колумни кои авторот ги има објавено во изминатиот период на различни теми.

На промоцијата во „Шила“ љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да се дружат со Отец Пимен, а за добрата атмосфера ќе се погрижи охридскиот сестран уметник Јован Куциноски. 

OhridNews