Повеќе стотици демонстранти и натаму остануваат пред зградата на Собранието на Република Македонија иако организаторите на протестите предизвикани од објавувањето на последната политичка бомба на СДСМ за убиството на Мартин Нешковски 2011-тата година, проценија дека денешниот протест треба да заврши и луѓето да се разотидат.

Дел од граѓаните фрлаат со јајца кон собранието,скандираат барања за оставки на Јанкуловска и Груевски.

Нема поголеми инциденти ниту судири со присутното полициско обезбедување.

OhridNews

Извор: „Телма“