Пожарот што утринава избувна во простории на Градежниот факултет на булеварот Партизански Одреди во Скопје е локализиран. Пожарникарите сè уште се на терен и работат на негово целосно гасење. Во пожарот нема повредени лица, а засега не се познати ниту причините за негово настанување.

Во гасење на пожарот учествуваат 12 противпожарни возила и 26 пожарникари. Тесните улички и паркираните возила зад факултетот им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Според првичните информации на Ѕвонко Томевски, командант на скопската протипожарна бригада опожарени се три простории на факултетот.

 

OhridNews

Макфакс