Бизнисменот Сеад Кочан и неговите двајца соработници не се чувствуваат виновни за тврдењето дека формирале конзоруциум, а потоа со лажни документи добиле тендер на ЕЛЕМ. Нивните бранители велат – немало повреди за Законот за јавните набавки. Адвокатот на третообвинетиот Сафет Ватиќ изјави дека неговиот клиент не бил играч од, како што рече, висок ков и немал капацитет за големи игри, па следствено на тоа бил неправедно обвинет.

Мотивот на тројката, рече обвинителот, не бил чесно да добијат тендер и да го ископаат потребниот јаглен и јаловина, туку со невистинита документација погазувајќи ги правилата на конкуренцијата да ископаат 17 милиони евра, со единствена цел – нивно енормно богатење.

Откако се пожалија дека не ги примиле сите докази, одбаната побара посебно рочиште, на кое како што рече, ќе ги соочат аргументите околу доказите. Судот ова барање го одби, но овозможи сите докази коишто адвокатите не ги примиле, на рака да им бидат дадени во судницата.

OhridNews

МРТ