Продолжуваат активностите по повод одбележувањето на 112 години од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на Узунов во градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма.
Полагање свежо цвеќе и пригодна програма се одржа и на гробот на Христо Узунов во село Цер.
Во основното училиште кое го носи името на Христо Узунов денес се одржуваат и спортски натпревари.
OhridNews




























