Министерот за здравство Венко Филипче информира дека починала 66-годишната жена од Дебар заболена од коронавирус чија состојба последните неколку дена беше критична.

  • И покрај сите напори на медицинските лица и интензивната терапија, за жал, пациентката почина денес, пред неколку часа. Во нејзината историја беше дека се лечи од хронична хипертензија, рече министерот.

Со тоа, бројот на жртви од вирусот, во земјава, се искачи на вкупно 3.

Од новите 29 случаи во последното деноноќие, позитивни на вирусот, се и пет лица од медицинскиот персонал од клиниката за кожни болести кои беа во домашна самоизолација.

Како што рече министерот, сите иако го поминале инкубацискиот период без симптоми, нивните тестови покажале позитивен наод на вирусот. Сега се во добра состојба и остануваат во домашна изолација.