Во рамки на работната посета на земјата, в.д. помошник државниот секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, претпладнево во Владата оджа средба со премиерот Зоран Заев по што двајцата имаа заедничка прес конференција. Фокус на средбата бил ставен на интегративните процеси на земјата со акцент на новиот закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира статусот на СЈО.

Имаме добра основа во предлог законот за Јавно обвинтелство, се надевам дека брзо ќе биде донесен заедно со опозцијата, која е од витално значење во секоја земја. Ова е одличен момент сите да се здружат и да го заокружат процесот. Се надевам дека истрагите ќе бидат транспарентни како што очекува јавноста на која  треба да и се покаже дека владеењето на правото е од клулно значење во Северна Македонија и дека никој не е над законот. Како што вели претседателот Трамп треба да се затворат сите стари работи и да се наоѓаат решенија кои ќе ни помогнат да тргнеме напред. – рече Рикер

Државниот секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер упати директна и недвосмислена порака до опозцијата со која денеска ќе има и средба, дека времето на политики игри е завршено и оти е потребна конструктивност да се донесе законот за Јавно обвинитество од кој зависи европската перспектива на земјата.

Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозцијата е клучна, но таа опазиција мора да биде конструктивна. Времето за политички игри и истакнување, како и играње со перспективите на граѓаните е веќе поминато. Мојата порака е јасна, време е да се придвижат работите за доброто на земјата. Северна Македонија се движи напред да ги исполни целите на оваа држава кои траат со децении во врска со евроатлантските  интеграции, ова е клучно за процесот и за граѓаните. Тие го очекуваат тоа, а јас очекувам конструктивност од опозицијата. – рече Рикер, додавајќи дека со донесување на законот за Јавно обвинителство нема да има повеќе пречки да се отворат преговорите со ЕУ оваа есен и затоа опозцијата треба да покаже неопходна конструктивност.

Проследете ја заедничката прес-конференција со Филип Рикер, В.Д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија

Geplaatst door Zoran Zaev op Vrijdag 26 juli 2019